ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

СО ПРИЕМ НА ДЕЧИЊА ОД ГРАДИНКАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАВМЕ ,, НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО “

СО ПРИЕМ НА ДЕЧИЊА ОД ГРАДИНКАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАВМЕ ,, НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО “

Со цел да се посвети поголемо внимание на детските права, среќно детство и задоволување на потребите на најмладите, во првата недела од октомври општина Неготино ја одбележа ,, Неделата на детето “.

Денес градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева имаше пријатна можност во работниот кабинет да приреди прием за дечињата од детската градинка ,, Фемо Кулаков ” заедно со директорката Наде Најдова и воспитувачки од оваа установа.

Имајќи предвид дека вложувањето во децата е вложување во иднината, градоначалничката Нацева разговараше за прашања од интерес на децата од возрасните групи од градинката, одговораше на нивните прашања и ги слушна нивните желби, а целиот настан беше заокружен со изведба на песнички од нивна страна.

Исто така градоначалничката Нацева доби и пригоден подарок изработен од вредните раце на децата за што искрено и од срце јавно им се заблагодари.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email