ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости• Соопштенија

ПРОФ. Д-Р АНДРЕА КУЛАКОВ Е ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКАТА ОПШТИНСКА НАГРАДА ,, 8-МИ НОЕМВРИ ” ЗА 2026 ГОДИНА

ПРОФ. Д-Р АНДРЕА КУЛАКОВ Е ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКАТА ОПШТИНСКА НАГРАДА ,, 8-МИ НОЕМВРИ ” ЗА 2026 ГОДИНА

Проф. д-р Андреа Кулаков – универзитетски професор и истражувач во областа на компјутерските науки и вештачката интелигенција е годинашен добитник на наградата ,, 8-ми ноември ” која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Неготино.

На Кулаков наградата му се доделува за значајни достигнувања и откритија од областите на роботиката, деловната интелигенција, обработка на слика и звук и други подобласти на когнитивни науки и вештачката интелигенција.

Добитници на признанија ,, 8-ми ноември ” за 2026 г. се :
Никос Тсимас за меѓународна промоција и афирмација на општина Неготино
Фолклорниот ансамбл Ацо Ѓорчев за афирмација на општина Неготино во областа на културата
Сузана Андонова за постигнување во областа на образованието
ГФК Неготино -Зоран Недев за постигнувања во областа на спортот
Ферат Рустемов за развој на параспортот и спортска инклузија на лица со оштетен вид и афирмација на општината во областа на параспортот и
Јован Јовановски за млад спортист

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свечената седница на Советот на општина Неготино која ќе се одржи во недела на 8-ми ноември во Центарот за култура Ацо Ѓорчев со почеток од 11,00 часот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости• Соопштенија
Известување !!!!