На пригодна свеченост која се одржа во салата за состаноци на општината, градоначалничката на општина Неготино на 54 родители кои имаат принови во своите семејства им врачи вредносни ваучери од 7.000 денари, за што од Буџетот на општината се издвоија 378.000 денари.
Општина Неготино средствата ги доделува како поддршка за родителите во периодот кога истите им се потребни.
Градоначалничката Нацева од свое лично име и од име на општина Неготино на сите присутни им ги честиташе новороденчињата и им посака многу здравје и среќа.
