Во рамките на одбележувањето на празникот на општина Неготино 8-ми ноември се одржа турнир во гол-бал на кој учество зедоа екипи од Неготино, Струмица и Кавадарци.
Играта се одвиваше во сала на посебно одбележан терен со ознаки на допир, секоја екипа се состои од 3 играчи на терен и 3 резервни играчи, а сите учесници носат затемнети маски за очи.
За најдобрите екипи и поединци беа обезбедени и доделени признанија и награди.
