Во предвечерието на одбележувањето на празникот на општината 8-ми ноември – Денот на ослободувањето на Неготино во Музејот на градот беше отворена самостојната ликовна изложба на Цветанка Јованова – Хермес насловена како Импулс.
Како што истакнува и самата авторка за неа импулсот е почеток на секоја творба, мигот кога емоцијата станува боја, мислата станува форма, а внатрешниот свет добива свој визуелен глас.
Присутните на изложбата имаа можност да ги погледнат делата на Јованова која е родена во Неготино кои претставуваат нејзин личен уметнички запис исполнет со енергија, боја, движење и емоција посветени на просторот, корените и инспирацијата што постојано ја враќаат кон самата себе.
Цветанка Јованова – Хермес досега има поставено над 20 самостојни изложби на слики.
