Во рамките на одбележувањето на 8-ми ноември – Денот на ослободувањето на Неготино Градоначалничката Марија Нацева денес приреди прием за гости во работниот кабинет, како од нашата, така и од други општини во Македонија.
Веднаш потоа заедно со бројни делегации се положи свежо цвеќе на спомен бистите на паднатите борци во НОБ во паркот до зградата на локалната самоуправа.
Им се поклонивме на луѓето кои ги дадоа своите животи за слободно Неготино и слободна Македонија, како и на сите борци учесници во НОБ.
На овој начин им се оддолжуваме за се она што го имаат направено денес да живееме во слобода и да имаме суверена и независна Република Македонија.
