Секој заинтересиран жител на општина Неготино, доколку изрази желба за тоа, ќе може со давање на сопствени предлози, идеи и решенија да учествува во подготовката на два исклучително значајни документи кои се тесно поврзани со работата на градоначалникот и локалната самоуправа.
Тоа се Програма за работа на општина Неготино и Буџетот на општината во чие изготвување можат да учествуваат сите граѓани.
За таа цел се организираат средби со жителите на населените места и тоа на 17.10.2026 година (вторник) :
16,10 ч – Криволак
17,00 ч – Пепелиште
18,00 ч – Војшанци
19,00 ч – Тремник
На 19.11.2026 г (четврток) ќе се одржат средби со жителите на:
16,10 ч – Д.Дисан
17,00 ч – Тимјаник
18,00 ч – Курија
19,00 ч – Цр. Брегови
На средбите можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино.