Почитувани,
Ве покануваме за учество на Јавна презентација на:
- План за обновување на условите за егзистенција за Интерконективен гасовод Република Северна Македонија – Грција.
Презентацијата ја организира Акционерско друштво за вршење на енергетскa дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје, наменета за сите заинтересирани страни засегнати од проектот.
Датум на одржување: 24 ноември (Вторник) 2026 година
Време на одржување: почеток во 12 часот
Место на одржување: Простории во склоп на Општина Неготино
Додаток 1 – Земјиште опфатено по катастарска општина
Додаток 2 – Процес на проценка на земјиште и експропријација
Додаток 3 – Прашалник користен за прибирање податоци
Додаток 4 – Карта на живеалишта долж трасата на гасоводот