ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Заедничка бадникова трпеза за граѓаните на општина Неготино

Заедничка бадникова трпеза за граѓаните на општина Неготино

Денешниот ден го посветивме и на она што е најважно во една заедница – солидарноста и грижата едни за други. Во срцето на нашиот град, на градскиот плоштад, организиравме заеднички ручек каде што поделивме 1000 топли оброци на нашите сограѓани од социјално ранливите категории.

Хуманоста не познава граници па затоа денешната акција ја проширивме и во населените места.

Наша должност како локална самоуправа е да бидеме тука за оние на кои помошта им е најпотребна. Овој ручек е повеќе од само оброк – тоа е порака дека сме обединети и дека заедно ќе ги пребродиме сите предизвици.

Упатувам огромна благодарност до Стефан Манев и неговите волонтери кои помогнаа во реализацијата на оваа хуманитарна активност.

Ова е само почеток на низата мерки со кои ќе го подобриме квалитетот на животот на најранливите групи во нашата општина.
Продолжуваме да се грижиме за секој човек, во секое маало и во секое село!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email