Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на седма вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 18.08.2022 година ( четврток ) во 14:30 часот . За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 14 редовна седница на Совет на Општина Неготино
2. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2022 година
3. Предлог – Одлука за сопствено учество на Општина Неготино во реализација на проектот „ Зајакнување на капацитетите на ТППЕ во општина Велес, Неготино, Свети Николе и Кавадарци преку набавка на високо професионални возила согласно европските стандарди “
4. Предлог – Одлука за утврдување на интерес за основање на Акционерско Друштво Градски Ракометен Клуб „ ВАРДАР НЕГОТИНО “ Неготино
5. Предлог – Одлука за доделување на паричен надомест за секој ученик запишан во прво одделение во учебната 2022/2023 година во основните училишта во општина Неготино
6. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за образование на Општина Неготино за 2022 година
7. Предлог – Одлука за пренамена на средства од Буџетот на општина Неготино
8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за дополнување на План за работа на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “Неготино за 2022 година