Се реконструираат тротоари на улиците Маршал Тито и Партизанска во должина од 653 метри

Со цел за подобрување на постоечката инфраструктура во централното градско подрачје, веќе извесен период на терен се одвиваат градежни активности за реконструкција на тротоарите на улиците Маршал Тито и Партизанска. Станува збор за тротоари за кои стручните служби утврдија дека се во незавидна состојба и делумно нефункционални, па токму затоа се пристапи кон нивна реконструкција […]
Активно се следи состојбата и се преземаат мерки за заштита од настанување пожари

Од рано утрово од 5 часот како градоначалничка на општина Неготино заедно со членовите на Кризниот штаб на нашата општина за заштита од пожари и превентивно делување за нивно настанување, бевме присутни на терен и заедно со предходно ангажираните служби патролиравме на територијата на општина Неготино. Констатиравме дека засега состојбата со пожарите во нашата општина […]
Градоначалничката Нацева им посака успех на учениците од општина Неготино кои ќе учествуваат на Плазма спортските игри во Сплит

Денес во работниот кабинет градоначалничката Нацева ги прими учениците од ООУ Страшо Пинџур од Неготино кои на државниот натпревар во кошарка 3 на 3 под менторство на наставничката Сузана Андонова обезбедија пласман и ќе учествуваат на меѓународната финална сезона на младинските спортски игри Плазма која од 17 до 21 август ќе се одржи во Сплит. […]
Градоначалничката Нацева го отвори театарскиот фестивал ,, Бранко Ѓорчев “

Со изведба на претставата ,, Кармен ” на НУ Драмски театар од Скопје, во Неготино беше отворен театарскиот фестивал ,, Бранко Ѓорчев ” – трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер од Неготино Бранко Ѓорчев. Монодрамата ,, Кармен ” ја изведе познатата македонска актерка Билјана Драгичевиќ – Пројковски по 51-ви […]
Министерот Серафимовски и градоначалничката Марија Нацева остварија работна средба со лозарите

Министерот за земјоделство Борче Серафимовски денес оствари посета на општина Неготино и заедно со градоначалничката Марија Нацева остварија работна средба со лозарите од нашата општина. Состанокот се одржа во пресрет на стартот на претстојните берба и откуп на винското грозје, а со единствена цел истите да поминат во најдобар ред. На состанокот се разговараше за […]
Се одржа работна средба на Кризниот штаб на општина Неготино за заштита од пожари

Денеска се одржа работна средба на членовите на Кризниот штаб на општина Неготино на кој беше констатирано дека состојбата со пожарите на територијата на нашата општина е стабилна и во интерес на заштита на општите добра ќе се преземат мерки и активности така и да остане. На состанокот беше нотирана потребата од внимателност и будно […]
ДЕНОВИ НА ТЕАТАР ВО НЕГОТИНО

Општина Неготино како организатор ги поканува сите љубители на театарската уметност да ги проследат настаните од ,, Деновите на театарот ” кои ќе се одржат во рамките на ревијалното издание на театарскиот фестивал ,, Бранко Ѓорчев ” и програмата ,, Културно лето Неготино 2026 ” . ,, Деновите на театарот ” ќе се одвиваат во […]
Во среда и четврток ( 12 и 13.08.2026г ) ќе се врши второ прскање против комарци на територијата на општина Неготино

Во среда против комарци ќе се прска во сите населени места, додека во четврток прскањето ќе се одвива во градот и околината. Прскањето во среда и четврток ќе започне и ќе се врши во раните утрински часови кога и фреквенцијата на луѓе и возила е сведена на минимум. Се информираат одгледувачите на пчели да извршат […]
TD 04 Project Event organization Municipality of Negotino Ref. No. 05-1720/2
Invitation blank A b8o3_contractnotice_simp_neg_en b8o5_itt_simp_neg_en B b8c1_mainconditions_en b8c2_specialconditions_en b8d_annex_i_gc_en b8f_annex_ii_torglobal_en b8g_annex_iii_om_en b8i1_annex_v_budgetglobal_en b8j3_annex_vi_ifind_en b8j4_annex_vi_ifcompany_en b8j5_annex_vi_ifpublic_en C b8m2_evalgrid_global_en b8o1_admingrid_simp_neg_en D a14a_declaration_honour_procurement_en b8o7_tenderform_simp_neg_en
О Д Л У К А за избор на корисник на услугата домашна нега во рамките на проектот „Еднаков пристап до здравствена заштита за постарата популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменцијата – ElderCare“
Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/24), а во врска со реализацијата на проектот „Еднаков пристап до здравствена заштита за постарата популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменцијата – ElderCare“, […]