Неготино денеска беше домаќин на натпреварите од Државното првенство во кошарка за девојчиња организирано од Федерацијата за училишен спорт на Република Македонија и претседателката на Федерацијата Елена Мицковска. Станува збор за спортски настан кој за прв пат се одржува во нашиот град, а воедно и ООУ „Страшо Пинџур“ под менторство на професорката по физичко и здравствено образование Сузана Андонова за прв пат учествуваше на државно првенство.Во своето обраќање градоначалничката Навева го искажа задоволството што првенството е посветено на девојчиња, на идните шампионки кои со упорност и талент континуирано ги надградуваат своите кошаркарски знаења, ги уриваат предрасудите и покажуваат дека спортот е поле на еднакви можности. Инаку, на првенството настапуваат екипи од Скопје, Битола, Штип и Неготино, а за најдобрите екипи и поединци се обезбедени дипломи и пехари. Отворајќи го настанот градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на сите учесници им порача дека резултатите што ќе ги остварат се важни, но и дека уште позначајно е самото нивно учество во играта, меѓусебната поддршка и градењето пријателства кои ќе траат и по завршувањето на турнирот и надвор од спортските терени.



