Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Од петок до недела ( 8-10 мај ) на територијата на нашата општина, впрочем како и во цела Македонија, ќе се спроведат активностите од најмасовната еколошка акција ,, Генералка викенд “.

Во акцијата ќе бидат вклучени сите граѓани, установи, институции, здруженија на граѓани, невладини организации и други кои ќе пројават интернес за вклучување во активностите кои придонесуваат за да имаме чиста и здрава животна средина и околина. Сите заинтересирани можат да остварат контакт со одговорното лице од локалната самоуправа Маја Јаневска на телефонскиот број 071-219-073.

Исто така, граѓаните можат да пријавуваат локации каде има регистрирано ѓубре за расчистување, а останатите активности ќе се реализираат по однапред утврдени локации за чистење.

Close Search Window