ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николовски во работна посета на општина Неготино

Премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николовски во работна посета на општина Неготино

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и заменик-претседателот и министер за транспорт Александар Николовски денеска остварија работна посета на општина Неготино, при што заедно со градоначалничката       Марија Нацева извршија  увид во градежните активности кои се одвиваат на територијата на нашата општина.

За време посетата, премиерот, вицепремиерот и градоначалничката Нацева ја пуштија во употреба комплетно реконструираната улица „ 29 ноември“ во должина од 724 метри реализирана во соработка со Министерството за транспорт на која активностите се одвиваа на 3 краци со промена на канализационата, атмосферската и водоводната мрежа со поставување на приклучоци, а потоа се изврши комплетно асфалтирање на целата улица. Вредноста на проектот е 28.587.448 денари-средства обезбедени од Министерството за транспорт.

Исто така, се изврши увид и во градежните работи кои се одвиваат во централното градско подрачје во рамките на проектот „Изградба на улици и кружен тек на ук. „Маршал Тито“ на спој со улица „Партизанска“, ул. „Даме Груев“ и улицата „Христо Ботев“. Изведувач на работите е Градежното друштво Гранит АД Скопје, а финансиите за негова реализација се обезбедени со договор меѓу општина Неготино и Министерството за транспорт. Вредноста на работите за изградба на кружниот тек во центарот на Неготино изнесува 33.404.548 денари. Заедно го посетивме новоизграденото и неодамна ставено во функција детско игралиште 8- ми ноември.

Посетата на премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николовски градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева ја искористи да ги информира за досега реализираните проекти, оние кои се во фаза на спроведување и проектите планирани за реализација во наредниот период.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email