ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Соопштенија• Новости

ОПШТИНА НЕГОТИНО ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТНИ УЧИЛИШНИ УНИФОРМИ ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНАТА И БЕСПЛАТЕН ОБРОК ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ. СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК НАСТАВАТА ЗАПОЧНУВА СО ИНТОНИРАЊЕ НА ХИМНАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !

ОПШТИНА НЕГОТИНО ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТНИ УЧИЛИШНИ УНИФОРМИ ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНАТА И БЕСПЛАТЕН ОБРОК ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ. СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК НАСТАВАТА ЗАПОЧНУВА СО ИНТОНИРАЊЕ НА ХИМНАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !

Обезбедувањето на училишни униформи за учениците од прво до деветто одделение е мерка која во нашата општина се спроведува за прв пат и претставува директна институционална поддршка за значително олеснување на семејните буџети од една страна, а паралелно преку овие системски чекори креираме училишен амбиент ослободен од социјални разлики, при што единствен фокус на учениците останува воспитно образовниот процес.

Исто така, целта е секое дете да се чувствува подеднакво вреднувано, достоинствено и прифатено, родителите да се чувствуваат спокојно, а општина Неготино останува стабилен партнер на секое семејство.

Се реализира уште еден ветен и значаен проект, а тоа е обезбедување на бесплатен оброк за сите ученици од прво до петто одделение со квалитетно мени изработено во соработка со нутриционисти, но и со собирање искуства од општини каде овој проект функционира. Учениците навремено го добиваат својот оброк, а родителите и нивните блиски се ослободени од обврската за подготовка или издвојување финансии за оброк на своите деца.

На предлог на градоначалничката Нацева, секој понеделник како прв работен ден во неделата, наставата во двете основни и подрачните училишта започнува со интонирање на химната на Република Македонија.

На сила е стапена и одлуката за забрана за користење на мобилни телефони за време одвивањето на наставата.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
ЛЕР и јавни дејности
Cancellation of TD procedure No.05-1720/2