Врз основа на договорот помеѓу Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво и Делегацијата на Европската унија во нашата држава се спроведува проектот Greening Business Facility.
Целта на проектот е да се поддржи Македонија во постигнувањето на целите за климатска неутралност преку инвестиции во претпријатијата кои спроведуваат еколошки одржливи практики.
На презентацијата во Неготино претставници на ИНОВА ги претставија можностите за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, условите за учество, потребната документација и начинот на аплицирање.
Преку финансирање на проектот се очекува да бидат поддржани околу 300 претпријатија во земјава со потенцијално отворање на 700 нови работни места.
