Во рамките на одбележувањето на 23-ти октомври – Денот на македонската револуционерна борба и 113 годишната од основањето на Македонската револуционерна организација градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева заедно со дел од советниците во Советот на општина Неготино положија свежо цвеќе на спомен бистата на Гоце Делчев во кругот на училиштето кое го носи неговото име.
На овој начин им беше оддадена достојна почит на сите кои се залагале и бореле за остварување на идејата за создавање самостојна и независна Македонија.
