ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости• Соопштенија

СЕ РЕКОНСТРУИРА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦА МАРШАЛ ТИТО ВО НЕГОТИНО

СЕ РЕКОНСТРУИРА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦА МАРШАЛ ТИТО ВО НЕГОТИНО

Паралелно со изведување на градежните работи за реконструкција и рехабилитација на главната улица Маршал Тито, се одвиваат и активности за реконструкција на тротоарот на главната улица на потегот од семафорите на раскрсницата кај Музејот до ООУ Гоце Делчев во нашиот град.

Вредноста на проектот изнесува 1.390.000 денари средства обезбедени од буџетот на општина Неготино.

Изведувач на работите е Друштвото за градежни и занаетчиски работи Дигитал ДООЕЛ од с. Градошорци, Василево, а засега работите се одвиваат според однапред утврдената динамика.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email