Денес во посета на општина Неготино и градоначалникот Марија Нацева беа околу 50 ученици од ООУ Гоце Делчев од нашиот град кои посетата ја искористија да одржат ,, училишен час ” во работниот кабинет.
Тие имаа можност да поразговараат со градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева, да се запознаат и поставуваат прашања поврзани со нејзината работа, функционирањето на локалната самоуправа, надлежностите на општината и начинот на кој се носат и се реализираат одлуките важни за секојдневното живеење на граѓаните на општината.
На учениците им беше овозможено самите да си кажат што според нив би требало да се направи во градот согласно нивната возраст и потреби.
На учениците и наставниците градоначалничката Нацева им се заблагодари за денешната посета!
