ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости• Соопштенија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАЦЕВА ГО ПОСЕТИ САЕМОТ ЗА ПЛОДНОСТ И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ВО РАМКИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ,,ЈАС СУМ ЖЕНА “

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАЦЕВА ГО ПОСЕТИ САЕМОТ ЗА ПЛОДНОСТ И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ВО РАМКИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ,,ЈАС СУМ ЖЕНА “

Учеството на глобалната женска лидерска конференција ЈАС СУМ ЖЕНА градоначалничката Марија Нацева го искористи да го посети и Саемот за плодност и репродуктивно здравје кој се одржа во рамките на конференцијата.

Деспина Петровска од Здружението ,,До бебе по пат на ин витро ” на отворањето порача дека прашањата поврзани со со плодноста и репродуктивното здравје не смеат да останат на маргините на јавните политики. Петровска дополни дека визијата е да имаме општество во кое неплодноста нема да биде причина за стигма, срам или дискриминација, туку ќе биде препознаена како здравствено и социјално прашање што заслужува внимание, разбирање и системски поддршка.

Саемот не беше само изложбен простор, туку и можност плодноста и репродуктивното здравје да се постават на ниво на прашања на јавното здравје, човековите права и еднаквите можности, кои пак влијаат врз квалитетот на животот и иднината на општеството.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email