ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Градоначалничката Нацева ги додели наградите за најдобрите на турнирот ,, Зоран Недев Фелер куп 2026 “

Градоначалничката Нацева ги додели наградите за најдобрите на турнирот ,, Зоран Недев Фелер куп 2026 “

Од 22 до 24 овој месец на градскиот стадион во Неготино се одржаа натпреварите од 10-иот по ред јубилејен меморијален турнир во фудбал ,, Зоран Недев Фелер куп 2026 г ” со учество на екипи од Македонија и регионот.

Младите фудбалери се натпреваруваа во повеќе категории и тоа генерациите 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019 година, а на турнирот учествуваа и девојчиња од генерацијата 2013 и помлади.

И оваа година меморијалниот турнир се одржа со цел за зачувување на спомените на Зоран Недев Фелер преку детска игра, фер плеј и љубов кон фудбалот.

Главен покровител на настанот е општина Неготино, а организаторот ГФК Неготино обезбеди богат фонд на награди и признанија.

Градоначалничката на Општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на завршниот дел и ги додели наградите за најуспешните и тоа пехари и медали за најдобрите 3 пласирани екипи, а медали добија и екипите кои се пласираа од 4 до 6 место. Исто така, Нацева додели и признанија за фер плеј, за тимот со најмалку примени голови, како и за екипата со најмногу постигнати голови.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email