Општина Неготино и оваа година по повод започнувањето на новата учебна година и враќањето на учениците во училишните клупи ја организира манифестацијата ,, Back to school ” – ,, Враќање во училиште “.
Како организатори подготвивме богата забавно – музичка програма која се надеваме дека ќе ги задоволи вкусовите на присутните на плоштадот.
За забавата ќе се погрижат DJ DOUBLE ONE, TASCO, а свој настап ќе имаат и 4 маскоти со омилените ликови на најмладите сограѓани.
Општина Неготино ги поканува сите граѓани од различни возрасти да повелат на градскиот плоштад во четврток на 3-ти септември и да уживаат во подготвената програма.
