Денеска се одржа работна средба на членовите на Кризниот штаб на општина Неготино на кој беше констатирано дека состојбата со пожарите на територијата на нашата општина е стабилна и во интерес на заштита на општите добра ќе се преземат мерки и активности така и да остане.
На состанокот беше нотирана потребата од внимателност и будно и континуирано следење на состојбите на терен од страна на сите релевантни установи.
На состанокот присуствуваа претставници на МВР, ДЗС, ЦУК, ТППЕ Неготино кои разговараа за неопходноста од преземање мерки за намалување на опасностите од настанување на шумски и други пожари на отворен простор.
Имајќи предвид дека високите температури се се уште присутни, се предложи преземање засилени мерки и активности за превенција за заштита на шумите, пасиштата, голините и други отворени простори.
Кризниот штаб апелира до граѓаните на општина Неготино да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, да не се палат стрништа, пасишта и други површини, да не се фрлаат стаклени шишиња и друга амбалажа, да не се фрлаат отпушоци.
Со преземање на сите овие мерки и активности, Кризниот штаб очекува сите граѓани на нашата општина да ги исполнат своите граѓански должности и со тоа да дадат сопствен придонес во заштитата на шумите и други простори од пожари ова лето.
