ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Градоначалничката Нацева им посака успех на учениците од општина Неготино кои ќе учествуваат на Плазма спортските игри во Сплит

Градоначалничката Нацева им посака успех на учениците од општина Неготино кои ќе учествуваат на Плазма спортските игри во Сплит

Денес во работниот кабинет градоначалничката Нацева ги прими учениците од ООУ Страшо Пинџур од Неготино кои на државниот натпревар во кошарка 3 на 3 под менторство на наставничката Сузана Андонова обезбедија пласман и ќе учествуваат на меѓународната финална сезона на младинските спортски игри Плазма која од 17 до 21 август ќе се одржи во Сплит.

На игрите учество ќе земат ученици од Македонија, Србија, БиХ, Словенија и Хрватска, а на нашите ученици Нацева им посака успешен настап, остварување добри резултати и достојно претставување на училиштето и на општина Неготино.

Инаку, општина Неготино целосно ги покрива трошоците за патување и набавката на спортската опрема потребна за учество на ова меѓународно натпреварување.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Wa-mbrella
Cancelation 05-390
Wa-mbrella
Cansellation 05-337