Од рано утрово од 5 часот како градоначалничка на општина Неготино заедно со членовите на Кризниот штаб на нашата општина за заштита од пожари и превентивно делување за нивно настанување, бевме присутни на терен и заедно со предходно ангажираните служби патролиравме на територијата на општина Неготино.
Констатиравме дека засега состојбата со пожарите во нашата општина е стабилна и посакуваме така и да остане, а за се да биде во ред потребно е континуирано присуство на терен, што како Кризен штаб и го правиме.
Во патролирањето се вклучени претставници на локалната администрација, пожарникари од ТППЕ Неготино, од ЦУК, ДЗС, ОВР Неготино, ДПД Повардарец и други служби кои можат превентивно да делуваат и да спречат настанување на шумски и пожари на други простори.
На сила остануваат препораките од последниот состанок на Кризниот штаб на општина Неготино за внимателно однесување на сите граѓани, исполнување на нивните должности и со тоа давање сопствен придонес во заштитата на шумите и други простори од пожари ова лето.
