Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/24), а во врска со реализацијата на проектот „Еднаков пристап до здравствена заштита за постарата популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменцијата – ElderCare“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција 2021–2027, во која Општина Неготино учествува како проектен партнер бр. 4, а врз основа на записникот бр. 09-1152/4 од 06.07.2026 година и записникот бр. 09-1152/5 од 07.07.2026 година од Комисијата за избор на корисници, Градоначалникот на Општина Неготино донесе
О Д Л У К А
за избор на корисник на услугата домашна нега во рамките на проектот „Еднаков пристап до здравствена заштита за постарата популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменцијата – ElderCare“
Член 1
За корисник на услугата домашна нега во рамките на проектот „Еднаков пристап до здравствена заштита за постарата популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменцијата – ElderCare“ се избира:
– Ангелина Ганчева.
Член 2
Избраниот корисник ќе биде вклучен во проектните активности и ќе ја користи услугата домашна нега согласно условите, критериумите и правилата утврдени во проектната документација и договорот за финансирање на проектот.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување и ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Неготино.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
За потребите на реализацијата на проектот беше објавен јавен повик за избор на корисници на услугата домашна нега. По спроведената постапка, Комисијата формирана за таа намена изврши преглед и оцена на доставените пријави и документација и состави Записник за избор на корисници. Од увидот во доставената документација и извршената евалуација, Комисијата утврди дека кандидатот Ангелина Ганчева ги исполнува сите услови и критериуми утврдени со јавниот повик и проектната документација за вклучување како корисник на услугата домашна нега. Имајќи ги предвид наодите и предлогот на Комисијата, како и потребата од навремена и ефикасна реализација на проектните активности, Градоначалникот на Општина Неготино одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.