Реконструиран тротоар на ул Ставре Ставрев во должина од околу 160 метри

На барање на жителите кои живеат на ул ,, Ставре Ставрев ” општина Неготино со средства од сопствениот Буџет изврши реконструкција на тротоарот лоциран пред нивните домови во должина од околу 160 метри. Со овој зафат, уредени се тротоарите од двете страни на улицата, при што пешаците добија одвоена и безбедна површина за движење, намалена […]
С О О П Ш Т Е Н И Е за јавен увид за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ЗА НАМЕНА Г4.1 – ОТВОРЕНИ, ПОЛУЗАТВОРЕНИ И ЗАТВОРЕНИ СКЛАДИШТА ЗА ИНДУСТРИСКА СТОКА, ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ СО СКЛАДОВИ НА КП 1169 И КП1170/1, КО НЕГОТИНО, ОПШТИНА НЕГОТИНО
Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2026 година од Совет на Општина Неготино, […]
JАВЕН ПОВИК за ангажирање на 1(еден) личен асистент за потребите на проектот ,, Elder Care”
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА НЕГОТИНО Општина Неготино, како партнер 4 на проектот ,,Еднаков пристап до здравствена заштита за повозрасната популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменција“ со акроним „Elder Care“ (во понатамошниот текст – проект „Elder Care“), на ден 18.08.2026 (Понеделник) година објавува: JАВЕН ПОВИК за ангажирање на 1(еден) личен асистент за […]
Се реконструираат тротоари на улиците Маршал Тито и Партизанска во должина од 653 метри

Со цел за подобрување на постоечката инфраструктура во централното градско подрачје, веќе извесен период на терен се одвиваат градежни активности за реконструкција на тротоарите на улиците Маршал Тито и Партизанска. Станува збор за тротоари за кои стручните служби утврдија дека се во незавидна состојба и делумно нефункционални, па токму затоа се пристапи кон нивна реконструкција […]
Активно се следи состојбата и се преземаат мерки за заштита од настанување пожари

Од рано утрово од 5 часот како градоначалничка на општина Неготино заедно со членовите на Кризниот штаб на нашата општина за заштита од пожари и превентивно делување за нивно настанување, бевме присутни на терен и заедно со предходно ангажираните служби патролиравме на територијата на општина Неготино. Констатиравме дека засега состојбата со пожарите во нашата општина […]
Градоначалничката Нацева им посака успех на учениците од општина Неготино кои ќе учествуваат на Плазма спортските игри во Сплит

Денес во работниот кабинет градоначалничката Нацева ги прими учениците од ООУ Страшо Пинџур од Неготино кои на државниот натпревар во кошарка 3 на 3 под менторство на наставничката Сузана Андонова обезбедија пласман и ќе учествуваат на меѓународната финална сезона на младинските спортски игри Плазма која од 17 до 21 август ќе се одржи во Сплит. […]
Градоначалничката Нацева го отвори театарскиот фестивал ,, Бранко Ѓорчев “

Со изведба на претставата ,, Кармен ” на НУ Драмски театар од Скопје, во Неготино беше отворен театарскиот фестивал ,, Бранко Ѓорчев ” – трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер од Неготино Бранко Ѓорчев. Монодрамата ,, Кармен ” ја изведе познатата македонска актерка Билјана Драгичевиќ – Пројковски по 51-ви […]
Министерот Серафимовски и градоначалничката Марија Нацева остварија работна средба со лозарите

Министерот за земјоделство Борче Серафимовски денес оствари посета на општина Неготино и заедно со градоначалничката Марија Нацева остварија работна средба со лозарите од нашата општина. Состанокот се одржа во пресрет на стартот на претстојните берба и откуп на винското грозје, а со единствена цел истите да поминат во најдобар ред. На состанокот се разговараше за […]
Се одржа работна средба на Кризниот штаб на општина Неготино за заштита од пожари

Денеска се одржа работна средба на членовите на Кризниот штаб на општина Неготино на кој беше констатирано дека состојбата со пожарите на територијата на нашата општина е стабилна и во интерес на заштита на општите добра ќе се преземат мерки и активности така и да остане. На состанокот беше нотирана потребата од внимателност и будно […]
ДЕНОВИ НА ТЕАТАР ВО НЕГОТИНО

Општина Неготино како организатор ги поканува сите љубители на театарската уметност да ги проследат настаните од ,, Деновите на театарот ” кои ќе се одржат во рамките на ревијалното издание на театарскиот фестивал ,, Бранко Ѓорчев ” и програмата ,, Културно лето Неготино 2026 ” . ,, Деновите на театарот ” ќе се одвиваат во […]